САД: Жена убиена откако отворила оган во црква

Две лица се ранети, меѓу кои и едно петгодишно дете, кое е во критична состојба, откако жена облечена во мантил отворила оган од пиштол во голема црква на ТВ ѕвездата-проповедник Џоел Остин во Тексас.
Повредени се петгодишно дете и 57-годишен маж. Детето било пренесено во локалната детска болница во Хјустон, додека мажот е во стабилна состојба откако бил погоден во колкот.
Двајца полицајци, кои не биле на должност, а работеле како обезбедување во црквата, одговориле на пукањето и ја убиле жената напаѓач.
Инцидентот се случил вчера кусо пред 14 часот во градот Хјустон, кога жена влегла во големата црква Лејквуд, која може да прими 16. 000 луѓе.
Деталите за нападот во црквата се нејасни, а полицијата не го соопштува идентитетот на жената напаѓач ниту евентуалниот мотив.
Шефот на полицијата во Хјустон, Трој Фајнер, изјави дека „трагедијата можеше да биде многу полоша“ доколку двајцата полицајци не и се спротивставиле на жената.
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
