Садење дрвца во средното училиште „Зеф Љуш Марку“

Во рамки на есенската акција „Ден на дрвото 2015“ денеска ќе бидат засадени дрвца во средното училиште на Град Скопје „Зеф Љуш Марку“ во општина Бутел.
Мото на годинашната 16-та акција е „Засади успех!“. Годинава акцентот е на средношколците од Град Скопје, кои во текот на кампањата, заедно со „Денот на дрвото“, континуирано ќе засадуваат дрвца во училишните дворови и ќе ја озеленат својата средина.
Акцијата почна со садење дрвца во средното економско и правно училиште „Васил Антевски – Дрен“ во општина Кисела Вода. Дрвца беа засаедни и во скопските средни училишта „Браќа Миладиновци“, „Владо Тасевски“, „Димитар Влахов“, „Марија Кири Сколодовска“ и во дворот на Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.
Јавното претпријатие „Македонски шуми“, како главен носител на целата акција учествува со 3.124.000 садници кои ќе бидат засадени на 931 хектар земјиште ширум цела Македонија, додека на општините се поделени околу 67 илјади дрвца.
Идеен творец, долгогодишен претседател и актуелен почесен претседател на акцијата е маестро Борис Трајанов, кој во 2008 година поведе група ентузијасти кон засадување нова еко-иднина и поттикна формирање Граѓанско здружение „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“.
Ново на Сител
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
-

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините
