-->
-->
Садик Сулејмани кандидат на АА за градоначалник на Боговиње
-->
Алијанса за Албанците има нов кандидат за градоначалник за Општина Боговиње која досега ја водеше нивниот член Албон Џемаили. Кандидат за градоначалник ќе биде Садик Сулејмани кој беше избран вчера вечер на партиското Собрание кое се одржа во Боговиње.
-Алијанса за Албанците и Алтернатива со мнозинство гласови избраа нов кандидат за градоначалник на Боговиње, Садик Сулејмани. Актуелниот прв човек на општината Албон Џемаили му честиташе на новиот кандидат и му посака успех во кампањата, ветувајќи негова поддршка. Во пресрет на локалните избори според состојбата на терен, Алијанса за Албанците уште еднаш покажа демократска вредност, каде што секој член има право да се натпреварува, соопштија од Алијанса за Албанците.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри