Саем „Агрофуд 2015“ од 1 до 4 октомври на Скопски саем
Од 1 до 4 следниот месец на Скопски саем ќе се одржи Меѓународниот саем за широка потрошувачка „Агрофуд 2015“.
Новитет оваа година е тоа што сите учесници на Агрофуд 2015, кој воедно ќе има нов продажен аспект, ќе ги претстават своите диверзифицирани палети на разни производи и услуги од органското производство во Македонија, со додаден акцент и на претставниците на конзервната индустрија. Сите заинтересирани посетители ќе имаат шанса да купат зимница изготвена од природни состојки според најстроги законски стандарди и да ги дополнат своите залихи за претстојниот зимски период со специјални македонски вкусови, соопшти денеска Скопски саем.
На изложбено-продажните штандови освен прехранбените производи како храна, пијалоци и стоки за широка потрошувачка, ќе можат да се разгледаат и набават најразновидни и најнови машини и опрема за амбалажирање и внатрешен транспорт.
Влезот на саемот ќе биде бесплатен.
Ново на Сител
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат
-
Преглед на вестите од светот
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа