Саем на невладини организации, можност за подобра меѓусебна соработка
Во организација на Волонтерски центар Скопје денеска се одржа 3. НВО саем со наслов „Активно граѓанство подобро општество“, на кој учествуваат седумдесеттина невладини и граѓански организации од повеќе сфери од општественото живеење.
- Целта на саемот е претставување на граѓанските здруженија пред нивните целни групи, но и нивно подобро вмрежување за подобра соработка која ќе овозможи поуспешна реализација на нивните цели, рече Никола Станкоски, директор на Волонтерскиот центар Скопје.
Саемот, вели тој, треба да го промовира активното граѓанство и волонтерството и да овозможи заживување на организациите кои работат во Скопје.
Информира дека на саемот, кој е поддржан и од Град Скопје, се присутни претставници од 70-тина организации кои се занимаваат со прашања од сите областа на екологија, човекови права, права на лицата со попреченост, од пензионерски организации, од хуманитарни здруженија...
Присутни се и голем број млади луѓе, студенти, средношколци кои би сакале да се вклучат во некои од овие организации и да дадат свој придонес во нивното делување.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес