„Саген“ ќе гради капацитет во Бунарџик, вреден 20 милиони евра, и ќе вработи околу 300 лица
Фармацевтската компанија „Саген“ со седиште во Тирана ќе инвестира повеќе од 20 милиони евра во капацитет во ТИРЗ Скопје 1 во кој планира да вработи околу 300 лица.
Како што информира директорот на ТИРЗ Скопје 1 Александар Младеновски на денешната прес-конференција во Владата, инвестицијата ќе биде поделена во три фази, а изведбата на производствениот капацитет ќе започне во јуни годинава.
- Сите фази се планирани да завршат во рок од пет години од започнувањето на градежните активности. Со новите економски политики на Владата се создаде поволна атмосфера и реални услови земјава да се позиционира како предвидлива и стабилна бизнис дестинација, рече Младеновски.
Тој додаде дека во фаза на реализација се осум нови договори од кои пет се за закуп на земјиште во ТИРЗ, а три за државна помош.
- Разговараме и со други заинтересирани инвеститори и во следниов период очекуваме нови договори за закуп на земјиште во ТИРЗ-овите со компании од автомоблиската индустрија, но и со производители за медицинска намена и други, рече Младеновски и додаде дека наскоро ќе се презенитраат и договорите за проширување на капацитетите на веќе постојни инвеститори во ТИРЗ-овите.
Договори се потпишани со компаниите „Мурат виринг системс“ за инвестиција од 4,5 милиони евра со 300 вработени, „Џемдаш лајтинг Еуропа“ кој ќе инвестира четири милиони евра и ќе вработи 200 лица, „Кеслер“ два милиони евра со 80 лица, „Доган отомотив“ ќе вложи еден милион евра во кпацитет во кој ќе работат 30 лица, „Саген“ со инвестиција од 20 милиони евра и 250 вработувања, „Чагатај кабло“ шест милиони и 300 вработени, „ВИК“ исто така шест милиони евра со 60 вработени и „Костал“ кој ќе ги прошири своите капацитет со инвестиција од 30 милиони евра во која ќе вработи нови 350 лица.
Ново на Сител
-
Грција на 20 ноември ќе биде блокирана од штрајкот на вработените во приватниот и јавниот сектор
-
НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА
-
Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат
-
Наместо да го стави во употреба директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево
-
ЕУ сè уште не одлучила дали постепено ќе го воведе новиот систем за контрола на надворешните граници
-
Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач
-
Нормализиран сообраќајот на железничката линија Скопје-Велес откако локомотива од товарен воз се излизга од шините
-
Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и Унијата