-->
-->
Сакал да прави крштевка на близначињата но кога отишол во црква, следел шок
-->

Ненад од Србија сакал за роденденот на своите близначиња да направи и крштевка, но кога отишол во црква, следел шок.
- Отидов кај свештеникот да закажам термин. Планирав да оставам доброволен прилог, но тогаш свештеникот ме шокираше. Ми побара 10.000 динари за крштевката, ја започнува својата приказна 47-годишниот Ненад Џ.
Иако српската православна црква вели дека нема ценовник за верските услуги, Србинот раскажува нешто сосема друго.
- Одлучив да се распрашам и кај други свештени лица, отидов во друга црква, а таму не ми ни побараа пари. Свештеникот буквално не сакаше да земе денар. Ми покажа накај иконата и ми рече ако сакате оставете доброволен прилог, вели Ненад.
Таткото никогаш нема да се врати во црквата каде му барале пари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата