Сакала поголеми гради, па животот си го претвори во пекол: Поради грешка остана без една града

Џеси, Американка која не сакала да го открие целосното име и возраста, го раскажала своето искуство по неуспешната операција за зголемување на градите кога морала да оди на втор зафат, кој требало да ја поправи штетата – но тоа не се случило.
За зголемувањето на градите се одлучила откако сопругот и поранешното момче ја изневериле со жени кои имале поголеми гради од нејзините.
Но, по катастрофалниот резултат од операциите за зголемување на градите, Џеси останала со само една града и така живеела цело шест години до неодамна, кога се обратила кај хирурзите Тери Дуброу и Пол Насиф, кои се познати од емисијата “Botched” на TLC. Во таа емисија тимот обично поправа туѓи хируршки грешки.
Иако постоеле шанси и оваа операција да тргне на лошо, Џеси одлучила дека за деколте треба да се ризикува. Се потсетила на времињата кога прв пат одлучила да ги зголеми градите. “До тогаш два пати во животот бев заљубена, а двајцата ме изневерија со жени со поголеми гради, па одлучив дека ми е доста”, вели Џеси.

Од хирургот ги барала “најголеми гради кои може да се направат”. Тој, за жал, ја послушал и на слабото тело вградил огромни импланти.
По само две седмици левиот имплант пукнал, а содржината истекла низ раната. Џеси вели дека тогаш трпела грозни болки, поради што отишла на операција за да го поправи тоа. Но, нејзиното тело го одбило имплантот па шест години била без левата дојка.
“Не минува ни ден да не жалам што поради мажи се одлучив за таа операција”, вели Џеси и истакнува дека сега само сака мирен, и нормален живот во нормално тело. Иако се надевала дека новиот хируршки тим може да и ги изедначи градите, тоа не се остварило во целост.
“Рано почна да ги забележува компликациите, иако преземавме се за да не дојде до тоа”, рекол др. Дуброу, кој објаснил дека направиле што можеле за Џеси да изгледа подобро.
“Ме загрижуваше како воопшто да ја затегнам кожата за имплантот да издржи, а поради нејзиното тенко ткиво постоеше 60 проценти шанса воопшто да не можеме да и помогнеме”, објаснил др. Дуброу, кој земал дел од ткивото од грбот на Џеси и го употребил за градите. Додал два мали импланти поради симетрија и објаснил дека градите во иднина ќе може и малку да се зголемат.
“Мислев дека повеќе никогаш нема да изгледам нормално, а сега имам симетрични гради кои добро изгледаат”, рекла Џеси, задоволна што повторно може да носи деколтирани маици.
Ново на Сител
-

Стабилно и потопло време до петок, за викенд дожд и снег на планините
-

Повеќе пари за новороденчињата во Гази Баба: Поддршката се зголемува на 8.000 денари
-

СПМ ја поддржува иницијативата за укинување на "техничката влада"
-

СЗО предупредува: Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен
-

Лажни реклами за онлајн казина кружат на социјалните мрежи, алармира АПИС
-

Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
-

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд
-

Битолчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
