-->
-->
Сакале да го тепаат но не успеале, па му ги оштетиле канцеларијата, автомобилот и влезната врата
-->
Вчера скопјанец вработен во отпад пријавил дека четири лица пробале да го нападнат, но откако не успеале му ја оштетиле канцеларијата, автомобилот и вратата од куќата.
„На 12.07.2022 околу 18.00 часот во СВР Скопје, У.О.(29) од Скопје пријавил дека околу 14.40 часот на неговото работно место во отпад во Скопје четири лица се обиделе физички да го нападнат, но откако не успеале, со остри и метални предмети ја оштетиле канцеларијата на управителот.
Според пријавеното, после тоа лицата го пресретнале и со остар предмет го оштетиле неговото возило, а потоа ја оштетиле и влезната врата од неговата куќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во соопштение од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Бремен
-
Алкараз избори учество на Завршниот АТП турнир
-
Варан одлучи да се пензионира
-
Бесија Иљази обвинета за злоупотреба на службена положба
-
Трамп: Соочен сум со големи закани од Иран
-
„Борис“ ги донесе најголемите досега регистрирани врнежи во ЕУ
-
Пукано кон канцелариите на Камала Харис во Аризона
-
ЦУК: 1.708 повици на 112 во последното деноноќие