Сакале да го „зачинат“ љубовниот живот, но претерале со зачините

Сите ќе се согласиме дека кондомите се добро средство за заштита, благодарение на кои сексот е побезбеден, едноставни за употреба и во 98 отсто случаи претставуваат сигурно средство за заштита од сексуално преносливи болести и несакана бременост.
Но, кога се во прашање кондоми со вкус, работите се одвиват на друг начин. Стандардниот вкус, како што се на банана или јагода се прифатливи за орален секс, но работите стануваат малку чудни кога се доаѓа до некои малку „екстремни“ вкусови.
Така, индискиот производител на кондоми „Менфорс“, кој во понудата веќе има презервативи со вкус на сланина и виски, сега излезе со нов производ, со кој, според многумин, ги надминаа сите очекувања.
Последниот кондом во нивната понуда е оној со вкус на ачари. Станува збор за зачинет кисело-луткаст сос за чие производство меѓу другото се користат и чили пиперики, сенф и голем број ароматични зачини и кој во трдиционалните кујни на азиските земји се служи како додаток на различни јадење.
Тоа и не е начин на кој многу замислуваат дека би можеле да го „зачинат“ својот љубовен живот, па се појавува прашњето зошто некој овој кондом воопшто би го користел за орален или за пенетративен секс.
Ново на Сител
-

Облачно со услови за повремен локален дожд
-

Еј-Би-Си: САД испраќаат 2.200 маринци на бродови кон Блискиот Исток
-

Како Brainster ги поместува границите на образованието? | Ања Марија Макеска | Sitel Podcast 141
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Трамп изјави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела
-

Висок ирански свештеник побара од папата да го осуди убиството на ајатолахот Али Хамнеи
-

Трамп изјави дека Путин можеби „малку“ му помага на Иран
-

Мерц повикува на „убедлив план“ за да се спречи „бескрајна“ војна со Иран
