Живот
14. January 2016 - 14:01

Сакаше само да го баци, но еве како питонот реагираше на тоа

Туристка од Кина, Јин Јинг се обидела да бакне питон во Тајланд. Тој ја каснал за лице. Жената во саботата била во паркот за животни во Пхукет. Змијата ја гризнала за носот по што таа завршила во болница. Се здобила со помали гребнатини и модринки.
 
Активистите ги предупредуваат туристите на се почестите напади од животни во тајландските паркови. Неодамна жена од Кина ја гризнал крокодил за нога додека тааа го фотографирала.