Сакскобурготски: За мене е многу важна благосостојбата на народите во Северна Македонија и Албанија
![]()
Поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобурготски, кој ја извршуваше оваа функција од 2001-2005 година, во интервју за „Нова“ вели дека честопати се прашува каде би била Бугарија доколку не станела член на НАТО и Европската унија. Во тој контекст, нагласува дека поволностите што од членството ги има Бугарија, би требало да им се овозможат и на Албанија и Северна Македонија.
Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Сакскобурготски нагласува дека многу е важна благосостојбата на народите во Албанија и Северна Македонија, исто како и на Бугарија. Зошто, прашува тој, тие да бидат изземени од тие придобивки. Затоа, нагласува, не треба да ги гледаме само негативните работи и не треба да се зборува за предавници.
Поранешниот премиер на Бугарија бара да се најде формула за се овозможи членство на Северна Македонија и Албанија во Европската унија. Тој нагласува дека не треба да се бараат негативни работи за да се поставуваат препреки, туку да се види како да се излезе од таа ситуација без притоа некој да биде предавник.
Според него, во некои држави имало тврдења кои сугерираат дека Бугарија се обидува да изнуди нешто, што, како што нагласува, е страшно и грозно. Улогата на Бугарија треба да биде таква да може да каже „браќа“, да помогне на секој пред да влезе бидејќи таа е веќе член на ЕУ и да помага. Тој не сака да го коментира внесувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија.
Поранешниот бугарски премиер, коментирајќи го протерувањето на 70-те руски дипломати од Амбасадата на Русија во Софија вели дека тоа е нечуена работа, која според него е излишна и провокативна, и оти Бугарија за да го направи тоа била под некаков странски притисок. Во однос на политичката криза во Бугарија тој вели дека политичарите треба да го надминат сопственото его, бидејќи државата, како што нагласува, нема време да губи за спроведување нови избори.
Ново на Сител
-

Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО
-

Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари
-

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
-

Багаи: Иран и Оман постигнаа договор за бродската рута низ Ормуска Теснина
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
