Салах донираше опрема за лекување на болни од Ковид-19 во родното египетско село
Напаѓачот на англискиот фудбалски првак Ливерпул, Мохамед Салах донираше кислород и друга медицинска опрема во своето родно село во египетската област Гарбија, помагајќи му на локалното население во лекување на заболени од Ковид-19, во време кога државата се соочува со вториот бран на коронавирус.
-Во хуманитарната организација „Мохамед Салах“ имаме 14 боци со кислород. Тука се за да им помогнат на луѓето од селото Нагриг и околните места. Располагаме, исто така, и со амбуланта што ја изгради Салах и функционира од мај минатата година, изјави раководителот на здружението Хасан Бакр.
Салах, кој и самиот беше заразен со коронавирус во ноември минатата година, одржува тесни врски со родното Нагриг, мало и сиромашно село на околу 130 километри северно од Каиро.
Египетскиот репрезентативец секоја година донира 64.000 долари на хуманитарното здружение кое го носи неговото име.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР