Салах, најверојатно, го одигра последниот натпревар за Ливерпул

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави денеска дека степенот на повредата на Мохамед Салах, кој поради повреда на тетивата на левата нога предвреме го заврши саботниот натпревар против Кристал Палас, сè уште е непознат.
Ливерпул ќе ја заврши премиерлигашката сезона на 24 мај со натпревар против Брентфорд и неизвесно е дали 33-годишниот египетски фудбалер ќе биде доволно подготвен за официјално збогување на Енфилд.
„Прерано е да се даваат какви било предвидувања, но сите го знаеме Мо и знаеме колку му е тешко напуштањето на теренот. Фактот дека Мо мораше да излезе кажува нешто само по себе, но мора да почекаме и да видиме колку е сериозна ситуацијата“, рече Слот.
Одговарајќи на новинарско прашањето дали Салах бил свесен кога го напушти теренот дека тоа може да биде неговиот последен настап за клубот, Слот изрази надеж дека египетскиот напаѓач ќе се врати во составот до крајот на сезоната.
„Таа мисла ми мина низ глава бидејќи остануваат само неколку недели, но се надеваме дека повторно ќе игра за нас. Мора да ги направиме тестовите и да ја почекаме дијагнозата“, додаде Слот.
МИА
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
