-->
-->
Салах не го дава врвот во Премиер лигата
-->

Ливерпул останува барем уште една недела на врвот на Премиер лигата, откако рутински стигнаа до 0:2 победа на гостувањето кај Вулверхемптон во првиот меч од осумнаесеттото коло, повторно инспирирани од неверојатниот Мохамед Салах.
Египќанецот влегува во форма во вистинско време, кога во Англија следува напорната божиќно-новогодишна програма, кога може да се направи и разлика која подоцна ќе биде недостижна за ривалите.
Салах рано го отвори мечот, кога во 18. минута, по одличното додавање на Фабињо немаше проблеми да го совлада домашниот голман, за во 68. минута да му даде совршена топка Виргил ван Дајк за обезбедување на победата.
„Црвените“ сега имаат 48 поени на врвот на Премиер лигата, четири повеќе од Манчестер сити, кои утре играат со Кристал палас, и дури девет пред третопласираните Тотенхем, кои в недела гостуваат кај Евертон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
