Салах: Роналдо е најдобриот играч во историјата на Реал, тие го донесоа Азар, но тој нема среќа
Играчот за врска на Ливерпул, Мохамед Салах, зборуваше за Реал Мадрид, ривалот на „црвените“ во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
– Во моментов, Реал Мадрид ги нема Кејлор Навас, Кристијано Роналдо и Герет Бејл, кои играа во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година. Дали Мадрид е подобар или полош ако се спореди со тој тим? Тие загубија одлични играчи како Кристијано, кој е најдобриот фудбалер во историјата на овој клуб. Ова е човек кој постигна многу голови. Во исто време, тие го потпишаа Азар. Еден нема среќа со повредите … Но, тимот се смени. Сега Реал Мадрид е во четвртфиналето, има одлични играчи, но им недостасуваат головите на Роналдо, изјави Салах.
Ливерпул ќе игра со Реал Мадрид на гости на 6 април. Реваншот е закажан за 14 април.
Ново на Сител
-

Тошковски: Се уште се непознати мотивите за палење на автомобилите на бугарската амбасада
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
