Салех Абдеслам одбил да се разнесе со бомба за да немало уште повеќе жртви, тврди брат му

Преживеаниот терорист од нападите во Париз, Салех Абдеслам одлучил да не се разнесе со бомбата, како што тоа го прават бомбашите-самоубици, за да „се спаселе човечки животи“, тврди неговиот брат.
Мохамед Абдеслам зборувал за ова на една француска телевизиска станица, откако претходно го посетил уапсениот брат Салех, кој се наоѓа во затвор во белгискиот град Бриж, во очекување да биде екстрадиран во Франција.
Според Мохамед Абдеслам, брат му признал дека доколку активирал бомба за да се самоубие, ќе имало „уште повеќе жртви“.
Во серија терористички напади, извршени на 13 ноември во Париз, во една концертна сала, на стадион, во ресторани и барови, огнено оружје и во бомбашки напади, беа убиени 130 лица, а други неколку стотина беа повредени.
Минатиот месец, Салех Абдеслам беше уапсен во Брисел, четири дена пред терористичките напади во белгискиот главен град, во кои беа убиени 32 лица.
Белгиските безбедносни служби веруваат дека бриселските терористички напади, се дело на истата милитантна исламистичка група која е одговорна и за нападите во францускиот главен град.
Салех е роден во Брисел во 1989 година , но е француски државјанин.
После терористичките напади во Париз се криеше повеќе од четири месеци во белгискиот главен град и беше најден и уапсен во широка полициска рација, во близина на неговиот дом.
На средбата со својот брат, во затворот во Бриж, Салех рекол дека сака да соработува со француските власти, затоа што „бил одговорен“ кон Французите, но дека нема ништо со нападите во Брисел.
Двајцата браќа уште како многу млади им биле познати на белгиските власти, како шверцери и разнесувачи на дрога.
Ново на Сител
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
-

Приведен 67-годишник од Штип, пробал со сила да бакне 16-годишна девојка
-

Медведев: Веќе нема да важат никакви правила во војната против нацистичкиот режим во Киев
