Македонија
14. March 2022 - 15:45

Сали: Бегалка од Украина роди женско бебе во „Чаир“

Министерот за здравство, Беким Сали во изјава за МИА рече дека во Гинеколошката болница во Чаир бегалка од Украина родила бебе.

- Досега не сме имале некоја посебна потреба од итна здравствена услуга, освен раѓањето на едно девојче во Гинеколошката болница во Чаир. Тоа е единствената услуга засега што сме ја пружиле на мигрант, кажа Сали. 

Инаку, девојчето е родено на 10.03.2022 година и е тешко 3 килограми и 890 грама и долго 54 см. Мајката Оксана и новороденчето се во добра состојба, претходно информираше министерот.