Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата

На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата. Ова именување за мене не претставува само функција или титула, туку голема доверба и сериозна морална и национална обврска, да бидам во служба на секој граѓанин, без никаква разлика, сè до целосната реализација на проектите што се од суштинско значење за сите граѓани, напиша на својот фејсбук профил министерот за европски прашања Беким Сали.
-Оваа Влада, во изминатите речиси две години, покажа дека кога постојат волја, визија и посветеност, резултатите не изостануваат. Вработувањето и унапредувањето на илјадници млади луѓе, обезбедувањето средства за изградба на Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, финансиската поддршка за сите општини, решавањето на прашањето со Медресето, како и економскиот раст и развој, се конкретни дела што зборуваат погласно од какви било зборови.
Сепак, патот пред нас е сè уште долг. Нè очекуваат бројни проекти и сериозни предизвици. Времето не чека. Затоа ќе продолжиме да работиме со максимална посветеност, енергија и висок мотив, со цел секое ветување дадено пред граѓаните да се претвори во конкретни активности и видливи резултати, стои во објавата на Сали.
Со вера во Бога, во нашите луѓе и во иднината што заедно ја градиме, се додава во стаусот на Сали на Фејсбук, верувам дека нашата работа ќе биде успешна и дека на крајот од овој пат ќе излеземе со чист образ пред граѓаните и пред историјата.
МИА
Ново на Сител
-

Макрон предлага забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Реакција на адвокатката Ивана Коцевска на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани
-

Дипломатската служба на ЕУ предупредува: Одборот за мир на Трамп концентрира премногу моќ и ги крши принципите на ЕУ
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Франција надмоќна против Португалија, постигна 28 голови во едно полувреме
-

Трамп се закани со 100-процентни царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е штетен за Македонија
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
