Самит 100: Регионот да ги искористи европските фондови за изградба на транспортните коридор

Регионот на ЈИЕ има можност во процесот на придружување кон ЕУ да ги искористи европските фондови за итно подобрување на сегашната состојба на транспортните коридори, оцени Исток Селјак, координатор на „Едисон“ и потпретседател на Управниот одбор на Самит 100.
- Треба да ја направиме Европа во регионот пред официјалното влегување на земјите од ЈИЕ во ЕУ преку отвореност едни кон други. Регионот на некој начин е во подобра позиција од членките на ЕУ и разликите меѓу нас можат да ни бидат предност ако добро се здружиме, изјави Селјак.
Тој посочи дека светот се наоѓа пред нова економска револуција за брзо преоѓање од посилно базирана на без посилно базирана економија на иднината.
- Таа транзиција ќе се случува во идните 10-15 години со поддршка на дигитализацијата. Составен дел на тоа е зелената и електрична мобилност. Регионот може повторно да доцни на нешто што е на самиот почеток, а имаме и можност да се поставиме како лидери на тој сегмент што е императив на Самитот, рече Селјак.
Токму затоа, додаде, е формирана платформата „Едисон“ (еко драјвинг иновејтинг солушнс енд нетворк) која, како што кажа, има за цел да го претвори регионот во лабораторија на идната зелена мобилност.
- „Едисон“ веќе здружува 50 компании, универзитети и институти во Словенија, а сега се проширува и низ цела ЈИЕ преку концептот „Едисон е-сити“ со лансирање на инфраструктура на полначи за електрични зелени возила, зелени такси, кар шеринг, а сакаме да ја поттикнеме и индустријата и производството да ја искористи „Едисон“ за нови иновативни решенија и зелен коридор од Љубљана до Скопје, Приштина и Тирана во должина од 1.400 километри.
Претседателот на Управниот одбор на Самит 100 и генерален директор на „Алкалоид“ АД Скопје Живко Мукаетов потенцираше дека е важно што се стартува со проектот „Едисон“ и информира дека веќе се работи што побргу да се направат законски решенија што ќе го следат овој проект. Проектите како овој, како и можностите од одржувањето на Самитот ќе има огромен бенефит, смета Мукаетов, посочувајќи на предизвиците со задржување на стоката на одредени гранични премини, но и немањето директна поврзаност и линија со Сараево и Подгорица, како значајни пазари. Неопходно е, како што рече, и хармонизација на одредени закони во регионот за побрз проток на стоки, но и на луѓето.
- Нам ни е од интерес да оди побргу и протокот на луѓе бидејќи реално се соочуваме со потреба од одредени кадри. Сметам дека во регионот тоа може да се хармонизира и да се поедностави за да можеме да сметаме на тие кадри, рече Мукаетов.
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
