Loading Video...
Македонија
5. May 2020 - 16:47

Самит на ЕУ за Ковид-19 - проширувањето не е тема

Проширувањето нема да биде на агендата на самитот на ЕУ земјите на Западен Балкан. Приоритет на лидерите ќе биде Ковид-19. Ова се гледа и од нацрт декларацијата со која треба да заврши состанокот каде фокус се става на  соработката на ЕУ и нејзините регионални партнери во борбата против панемијата. Главниот технички преговарач Маричик вели дека тоа не значи дека Унијата губи интерес или дека се откажува од агендата за проширување.

Тензиите и условувањата на релација Софија –Скопје, Маричик очекува да се решат на билатерално ниво, а не во рамките на вакви состаноци.

Меѓународниот секретар на ВМРО–ДПМНЕ Муцунски смета дека во моментов е реално пандемијата да биде центар на вниманието,  но очекува лидерите да посочат насоки за тоа каде треба реформски да се движи земјава.

Експерите проценуваат дека самитов, кој и покрај вонредни услови се оддржува во предвидениот термин, укажува дека за Унијата регионот е важен, но сепак поради светксата здравствена криза очекуваат одложување на некои рокови во процесот за Македонија.

ЕУ најави дека ќе обезбеди 3,3 милијарди евра за справување со короната за регионот, а на самитот ке се разговара токму за критериумите под кои тие ќе бидат користени.