-->
-->
Само пет гола го делат Роналдо од светскиот рекорд
-->
Репрезентацијата на Португалија синоќа во Лисабон го совлада Израел со 4:0 во пријателски натпревар. Вториот гол го постигна Кристијано Роналдо. Тој има 43 гола на последните 42 натпревари за Португалија.
Вкупно, Роналдо има 104 гола за националниот тим. На репрезентативно ниво, само екс-иранскиот напаѓач Али Даеи има повеќе (109).
Така, за да го достигне светскиот рекорд, на Роналдо му недостасуваат уште пет гола.
Еден од најдобрите фудбалери на светот, шанса да стане апсолутен рекордер ќе има на претстојното Европско првенство. Неговата репрезентација ќе игра во Ф-групата заедно со Германија, Франција и Унгарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гаши: Косово е моја татковина
-
Санкционирани 117 возачи во Скопје
-
ЦУК: Пожари на отворено во скопските општини Бутел, Карпош, Сарај
-
Мицкоски ќе го добие мандатот ден пред истекот на рокот
-
Кандидатури за лидер на СДСМ ќе поднесат Филипче, Петровска и Деспотовски
-
Ѓурчиновски ќе учествува на конференција во Драч
-
Израел во екот на војната во Газа договори купување на 25 американски ловци Ф-35
-
Столтенберг ја критикуваше Кина затоа што го бојкотира мировниот самит за Украина