„Самоопределување“ повикува на протести против Тачи
Движењето „Самоопределување“ синоќа ги повика своите приврзаници на протест во Приштина против евентуалниот избор на Хашим Тачи за претседател на Косово.
Како што е наведено на интернет страницата на движењето, граѓаните ќе тргнат од сите градови на Косово и утре ќе се соберат во Приштина, каде ќе им се придружат на демонстрантите кои кампуваат под шатори пред Парламентот.
- Ако Хашим Тачи стане претседател ќе биде потешко да се спречат процеси кои го уништуваат Косово. Колку повеќе ве има в петок во 10 часот, полесно ќе ја спречиме инсталацијата на диктатурата од Тачи и неговите тајни служби, се додава во пораката на сајтот на „Самоопределување“.
Кандидати за претседател на Косово се Хашим Тачи и Рафет Рама од Демократската партија на Косово, а седницата на косовскиот Парламент, на која пратениците ќе бираат меѓу овие двајца кандидати, е закажа за утре.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?