Самостојна изложба на Ивана Горичова
Во изложбениот салона во Центарот за култура „Антон Панов„ во Струмица, синоќа беше отворена самостојна изложба на младата ликовна уметничка Ивана Горичова.
За првото самостојно претставување на Горичова пред љубителите на ликовната уметност зборуваше ликовниот уметник Никола Пијанманов, кој нагласи дека во делата на Горичова, бојата и цртежот се во долг дијалог.
- Кај Ивана мошне вешто и природно графиката се прелива во сликарство и по некој обратен процес, бојата и структурата од сликарството се втиснува како печат во композицијата. Овде сликата и цртежот се огледуваат и водат мошне долг дијалог преку традиционалните техники на графиката. Но не се растопуваат во непрепознатливост. И бојата и линијата ја задржуваат својата автономија, рече Пијанманов.
Ивана Горичова во 2012 година дипомирала на Факултетот за ликовна уметност, оддел графика кај професор Славица Јанашлиева. Таа учествувала на повеќе ликовни колонии и групни излож-би во земјата.
Ново на Сител
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка
-
НАТО и името на „координацијата за меѓународната безбедносна помош“ за Украина
-
Сончево и топло, температура до 36 степени