Самостојна изложба на мултимедијалниот уметник Игор Јосифов
Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворена самостојна изложба „Континуум“ (Continuum) на мултимедијалниот уметник Игор Јосифов. Премиерно ќе бидат презентирани негови уметнички дела кои подоцна ќе бидат изложени во галерија во Чикаго (Defibrillator Performance Art Gallery) со што ќе биде заокружен уметничкиот проект.
Изложбата содржи уметнички дела на хартија, платно, инсталации, уметнички филмови кои го презентираат неговото творештво и креативен процес. Во делата на „Континуум“ Јосифов презентира десетгодишно истражување, размислување и можностите што огнот како алатка во уметничките перформанси го нуди за транформација.
- Огнената рефлексија е актуелен процес на моето патување за себеистражување и слобода низ проектите како „Manumission“, „Taming Fire“, „Burning Words“, „Wit-ness“ и „2-dimensional“, истакнува Јосифов кој живее и работи во Сан Франциско, а неодамна се претстави и на 6. Скопска недела на дизајн.
„Континуум“ е инспириран од неговиот мултимедијален проект „Untie“, но резултира со нови обемни уметнички дела кои премиерно ќе бидат претставени вечер во Младинскиот културен центар. По отворањето на изложбата, во кино „Фросина“ ќе бидат прикажани филмови на Јосифов.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на туристи и на ноќевање
-
Белорусија стана партнер на БРИКС
-
Тешка сообраќајка во Пробиштип - Судир помеѓу трактор и „матиз“
-
Влегол во Македонија преку див премин - Приведен грк на ГП Богородица
-
Пронајдени боксирач и два ножеви, приведени две лица меѓу нив и малолетник
-
Три рибарски мрежи и 56 парчиња Охридска белвица пронајдени во полициска акција во Струга
-
Приведен осомничен крадец во Куманово
-
ЈП ПОЦ: Со „пајак“ санкционирани 194 непрописно паркирани возила во Центар