Македонија
8. May 2016 - 13:29

Самостојна изложба на Сотир Хаџи-Николов во Дојран

Во галеријата во Стар Дојран синоќа беше отворена прва самостојна изложба на Сотир Хаџи-Николов насловена „Сеќавања”, која е трет настан од манифестацијата „Дојран - град на културата“.

На изложбата се претставени 15-ина дела кои тој ги изработил во изминатиов период.

Сотир Хаџи-Николов е млад уметник од Гевгелија и има учествувано на неколку групни изложби во Македонија и во странство. 

На отворањето на изложбата тој се заблагодари за поддршката од Општина Дојран и Министерството за култура и рече дека се голем поттик да продолжи да работи и да создава дела кои ќе го отсликаат неговиот талент.