Самостојниот синдикат на клинички центри го осуди нападoт на лекарот

Самостојниот синдикат на клинички центри најостро го осудува вчерашниот напад на лекарот од Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и бара итно донесување закони за докторска и за сестринска и акушерска дејност, како и воспоставување систем за заштита на достоинството и угледот на докторите и останатите здравствени работници.
Синдикатот воедно, како што наведува во денешниот допис медиумите, го повикува своето членство, јавно, во кругот на Клинички центар да изрази солидарност кон д-р Љубомир Огњеновиќ и да го искаже својот револт кон несаканиот настан, како и кон „понижувачкиот статус на докторите и другиот здравствен персонал“ со собирање на членовите на хелиодромот, во термин кој дополнително ќе се договори.
Самостојниот синдикат исто така бара директорите на сите јавни здравствени установи во земјата итно да воспостават 24-часовно професионално обезбедување, да се однесуваат со должна почит кон лекарите и останатиот персонал и да не ги надминуват ингеренциите на функцијата.
- Нападите на докторите и останатиот медицински персонал се зачестени и во континуитет, но ваков инцидент сличен на дејство од акциски филм е незапаметен во здравствената практика во Република Македонија. Вчерашниот напад е резултат на долгорочните политики во здравството кои доведоа до омаловажување и деградирање на докторите и останатиот медицински персонал, наведува Синдикатот.
Според Синдикатот, неопходно е изготвување нова законска регулатива за здравствените работници при чие креирање неизоставно, активно и рамноправно треба да учествуваат неговите членови и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
