-->
-->
Самсоненко: Градиме за подобра фудбалска иднина во Македонија
-->

Денешниот ден за навек ќе остане запеметен како празник за фудбалот во Македонија. Попладнево, свечено беше пуштена во употреба Фудбалската Академија на ФК Вардар, лоцирана во Градскиот парк, каде што во иднина ќе тренираат младите вардарови надежи на возраст од 6 до 14 години.
Реализацијата на овој грандиозен проект, немаше да биде возможна без великодушноста на сопственикот на групацијата „Вардар“ и главен спонзор на нашиот клуб, господинот Сергеј Самсоненко, кој на свечената церемонија, меѓудругото го истакна следново:
„Пред сѐ би сакал да изразам благодарност до сите физички и правни лица, како и официјалните државни функционери и структури на Република Македонија, кои ни овозможија и помогнаа да го реализираме овој проект. Сите тие, постојано ни ја даваа нивната несебична поддршка во остварувањето сите спортски проекти. Благодарност изразувам и до дечињата кои тренираат во ФК Вардар, како и нивните родители, за покажанато разбирање и трпение, додека траше изгрдабата на Фудбалската Академија. Изминаа две години и три месеци, откако го превземав раководењето со ФК Вардар. Резултатите кои досега ги постигнавме, ви се добро познати. Ние уште на првата прес-конференција ги истакнавме нашите амбиции, Вардар да биде редовен учесник во европските Купови, на меѓуародната сцена. Затоа би сакал дадам еден отчет за реализираните инфраструктурни проекти, на кои посветено работевме минатиов период, водени токму од зацртаната цел. За овие две години, го изградивме тренинг кампот на ФК Вардар, во населбата Хиподром, а еве сега го реализиравме и вотриот проект, наменет за нашите деца од младинските категории до 14-годишна возраст. Исто така, во план е реализацијата на уште еден проект, со кој ќе бидат опфатени возрасните групи од 14 до 18 години и на тој начин ќе ја комплетираме целата неопходна инфраструктура, за потребите на ФК Вардар. Се надевам дека фудбалскиот свет во иднина нема да зборува само за Меси и Роналдо, туку дека од Фудбалската акадмеија, наскоро ќе слушнеме за некој Месиевски или Роналдовски. Упатувам уште еден голем поздрав до сите што нѐ поддржуваат. Заедно одиме напред. Еден живот, една љубов“, порача господинот Сергеј Самсоненко.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
