Loading Video...
Ракомет
19. April 2019 - 18:23

Самсоненко: Не можам повеќе да финансирам во РК Вардар!

На само неколку дена пред  одигрувањето на четвртфиналните дуели од Лигата на шампионите во ракомет со Пик Сегед,  сопственикот на РК Вардар Сергеј Самсоненко со соопштение до јавноста најави дефинитивно заминување од клубот и побара помош од бизнисмените да се зачува црвено-црниот ракометен гигант.

            Во соопштението Самсоненко објаснува дека веќе 7 години го раководи и финансира РК Вардар  но очигледно  финансиските можности се исцрпени и издржувањето на клубот е со кредитно задолжување.

            Рускиот бизнисмен посочува дека во неговите фирми работат повеќе од 5000 вработени кои не сака да ги загрози заедно со нивните семејства и затоа одлучил од следната сезона да замине од клубот.

            Ракометната европска федерација и спонзорите покриваат само 10 % од потребниот буџет за РК Вардар . Бидејќи бројните ветувања не се остварени Самсоненко како што вели во соопштението е приморан да замине од клубот кој прерасна во  симбол на државата и стана национална гордост со освоена европска ракометна титула и 6 домашни првенства.

Заради сето ова погоре со ова мое искрено писмо отворено ги повикувам сите македонски бизнисмени да дојдат и да се приклучат кон финансирањето на ракометниот клуб вели на крајот од писмото до јавноста Самсоненко.