Сандра Булок му помага на бездомник да го отплати долгот
Сандра Булок му помага на бездомникот Свенд Петерсон, чии пријатели покранаа кампања за собирање пари за тој да може да ги врати своите долгови.
Петерсон (89) важи за локална „легенда“ на Беверли Хилс. Тој со години работел како шеф на базен на луксузен хотел, но, како што тврдат неговите пријатели, поради измама на агенцијата за недвижности тој западнал во долгови и го изгубил покривот над главата.
Се случувало сп денови да не јаде ништо, а среќен е кога имал нешто да се напие. Затоа неговите пријатели и тие што го познаваат покренаа акција преку платформата ГоуФанМи.
- На Свенд му се потребни барем 5.900 долари за да има за наемнина и храна за три месеци, што е доволно да застане на нозе, напишаа пријателите.
Петерсон е должен 71.000 долари за данок, а моментно спие во сатри автомобили.
За неговиот случај слушнала и оскаровката Сандра Булок која веднаш донирала пет илјади долари.
- Се ќе биде во ред, напиша таа покрај нејзината донација. За 11 дена во кампањата се собрани 30.000 долари.
Ново на Сител
-
До две илјади денари заштеда од храна без ДДВ, предлага СДСМ
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
-
Ден на ромскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина