Македонија
6. јуни 2019 - 10:51

Санирани се штетите на улиците од невремето во населени места во Радовишко

Во населените места Воиславци, Сулдурци и Калугерица санирани се штетите на улиците од невремето што го зафати Радовишкиот регион во втората половина на минатиот месец, информираат од општината.

– Паралелно со изведувањето на градежни работи, а врз основа на поднесени пријави за претрпени штети, теренски активности реализираше и Комисијата за елементарни непогоди, додаваат од општина Радовиш.

Покрај санацијата на улиците, извршени се и зафати на дел од полските патишта во селата кои беа погодени од невремето.