Санирано свлечиштето на регионалниот пат во Липково
Обилните врнежи од дожд изминативе неколку денови на подрачјето на општина Липково предизивикаа свлечиште и оштетување на регионалниот пат кој води кон селото Ропаљце, информираа денеска од Регионалниот Центар за управување со кризи Куманово.
Патот кој води кон селото Ропаљце е оштетен поради неколкудневните обилни врнежи од дожд.
Раководителот на ЈП „Македонија пат“- секција Куманово, Тихомир Алексовски денеска информира дека делумно е извршена санација на патниот правец, така што, сообраќајот засега се одвива непречено. Најави дека во наредниот период ЈП „Македонија пат“ ќе продолжи со санација на оштетувањето.
Поради врнежите се појавило и свлечиште на локалниот пат помеѓу селата Думановце и Гошинце.
- Преземни се мерки за расчистување, по што сообраќајот се одвива непречено, изјави секретарот на општина Липково, Неџати Османи.
Ново на Сител
-
Политичари без двојни државјанства
-
Државата ќе ја плаќа каматата за унгарскиот кредит за фирмите
-
Заврши „есенската кошница“
-
АХВ: Не постои сериозна опасност за ширење на птичји грип од скопско Злокуќани
-
Дигитален мост - собраниски хакатон
-
Фотоволтаици на сите училишта и градинки, Општина Центар лидер во иновативни проекти
-
Преглед на вести од светот
-
Потребни се уставните измени за старт на преговорите со ЕУ, повтори амбасадорот Рокас