-->
-->
Санкционирани 218 возачи во Скопје, 35 за брзо возење
-->
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден на територија на градот изрече 218 мерки, информираат од МВР.
-Од изречените 218 санкции, 35 се за возење повеќе од дозволената брзина, 17 санкции за возење без возачка дозвола, 25 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, две санкции за некористење сигурносен појас и друго, соопштуваат од полицијата.
Од МВР нагласуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарска политика на Филипче
-
СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ закана за граѓаните
-
Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници
-
Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето, велат од Еуроњуз
-
Екипи и механизација на ЈП Македонијапат го расчистуваат снегот и ги одржуваат проодни патиштата
-
Двајца сопружници починаа во пожар во Крива Паланка