Санкционирани загадувачи на воздух во Бардовци

Овластениот инспектор за животна средина и комуналните редари од општина Карпош денеска при континуирана контрола на локација во населбата Бардовци утврдиле неовластено палење на отпад (гуми, кабли, пластика).
Инспекторот, како што информира општина Карпош, побарал асистенција од полицијата која извршила увид, при што го идентификувале лицето кое палело недозволени материјали. Комуналните редари од општина Карпош на сторителот на прекршокот му изрекле казна, согласно Законот за јавна чистота.
- Контролата на инспекторот и комуналните редари продолжува и наредните денови со цел да се спречат овие сериозни прекршоци од несовесните граѓани, соопшти од општина Карпош.
Општина Карпош апелира до своите сограѓани на поголема свесност бидејќи, како што се наведува, при согорување на овие материјали се предизвикува опасен ефект, при што се ослободуваат токсични супстанци во воздухот.
Ново на Сител
-

Истрагата за бегството на Ива Михаилова ќе биде презентирана пред НАТО
-

Пола милион за две фирми преку спорни тендери во УХМР, кривична за екс директорот
-

Жителите на Брвеница во недела ќе гласаат за нов градоначалник: Во трката се шест кандидати
-

Македонците јадат безбедна храна - тврди директорот на АХВ
-

Монтеко со две платинести и една сребрена награда во Белград
-

Вакцинацијата против грип ќе стартува следната недела - приоритетните ќе ги утврдува Комисијата за имунизација
-

Диспензирање на терапијата за мултиплрекс склероза
-

Проширувањето на ЕУ во сенка - Зеленски го превзема фокусот на состанокот на Европскиот совет
