Свет
3. July 2016 - 11:43

Саркози заминува од местото претседател на партијата

Поранешниот француски претседател Никола Саркози соопшти дека ќе поднесе оставка на местото лидер на партијата Републиканци, со што си го отвора патот за повторно да се кандидира за претседател на државата.

Оваа партија, како и другите десни и партиите од десен центар во ноември ќе го бираат својот кандидат за претседателските избори во Франција во 2017 година.

Победникот ќе се соочи со Марин Ле Пен од екстремниот десен национален фронт и најверојатниот социјалистички кандидат, актуелниот претседател на земјата Франсоа Оланд.