Саудиска Арабија откажува испораки на нафта за Европа по напад со дрон - Цената на берзите е 122 долари за барел

Саудиска Арабија намали или целосно рпекина испораки на нафта до европските клиенти откакои во напад со дрон е оштетен нејзин клучен нафтоводс Исток-Запад кон Црвеното Море. Ријад ги обвини хутите за нападот и поради тоа откажани се испораки на товари планирани за овој месец додека утоварот на нафта во црвеноморското пристаниште Јанбу е целосно прекинат.
Клиентите во Европа се поттикнати да бараат алтернативни ршеенија бидејќи цената на нафтата утрово е 122 долари за барел.
Саудиска Арабија ги информирала европските клиенти дека некои товари со сурова нафта за септември ќе бидат откажани.
Државната нафтена компанија „Сауди Арамко“ засега нема коментар.
Намалувањето на саудискиот проток низ Црвеното Море ќе ја поттикне Саудиска Арабија да се обиде да извезе повеќе нафта преку Ормутскиот теснец користејќи таканаречени темни испоораки слични на оние што веќе ги користат Обединетите Арапски Емирати и Ирак, велат трговски извори.
Таквите пратки им овозможија на производителите на нафта од Заливот да извезуваат од 7 милиони до 9 милиони барели дневно, што е 30% до 40% од обемот пред војната.
Дополнителен притисок врз глобалниот пазар создава фактот што Иран претходно ја затвори стратешката Ормуска Теснина како одговор на американското бомбардирање.
МИА
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
