Саутемптон со нова победа кон опстанок

Фудбалерите на Челзи ја имаа победата на гостувањето кај Брајтон и водеа до самиот финиш со голот на Аспиликуета. Откако не успеаја да постигнат втор погодок домаќинот ја презеде иницијативата и притисокот вроди со израмнување. Прекрасен погодок постигна Иранецот Џангбаш во 84м што беше и конечен резултат на овој возбудлив натпревар. За многумина овој гол е гол на деценијата во Премиер лигата.
Саутемптон продолжува со добрите игри и серија победи што го одалечија од опасната зона во првенството. Нова жртва беше Тотенхем на Мурињо против кого доволен за освојување три бода беше само еден погодок. Единствениот гол го постигна Ингс уште во 17м што се покажа како конечен епилог на овој важен меч за двете екипи. Поразот за тимот на Мурињо значи одалечување од првите четири места на табелата.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
