Свет
18. December 2015 - 8:22

СБ на ОН усвои резолуција против финансирање на тероризмот

Советот за безбедност на ОН едногласно усвои резолуција за засилување на борбата против финансирањето терористички организации подготвена од САД и Русија.

Нацрт-резолуцијата укажува дека СБ прогласил закана за меѓународниот мир и безбедност така што сите држави имаат обврска да исполнуваат мерки пропишани во документот.

Државите мора „итно да замрзнат средства и други финансии или економски ресурси на луѓе, групи, фирми и организации“ кои се на список за санкции на СБ на ОН.

Списокот за санкции е преименуван во „список за Исламска држава на Ирак и Левант и Ал Каеда“ што значи дека СБ веќе не ја смета ИД за огранок на Ал Каеда.