СДСМ: 100.000 граѓани добиваат платежни картички од 9.000 денари за купување на домашни производи

Здравствената криза бара брз одговор и прилагодување на новонастаната ситуација, затоа третиот сет мерки, усвоен од Владата предводена од СДСМ помага секому, кому му е потребна помош, но овозможува и заживување на македонската економија преку директна поддршка на граѓаните и на стопанството.
Новиот трет сет економски мерки во вредност од 355 милиони евра е наменет за 730.000 корисници. Заедно со првите два пакета мерки, станува збор за вкупен влог од 550 милиони евра или 5,5 отсто од БДП.
Мерките предвидуваат директна финансиска поддршка на граѓаните за зголемување на потрошувачката, директна поддршка на стопанството, земјоделството и туризмот, но и награда за најизложените здравствени работници во знак на благодарност за нивната работа.
Преку мерката - издавање на Платежни картички на граѓаните, ќе се поттикне потрошувачката, а со тоа и развојот на домашните економски дејности.
Предвидено е околу 100.000 граѓани да добијат домашни платежни картички вредни 9.000 денари наменети исклучиво за купување на домашни производи и услуги на краток рок.
Со оваа мерка им се помага на таргетирани групи граѓани како ранливите категории, граѓаните приматели на гарантирана минимална помош, невработените лица, да го зголемат својот приход и потрошувачка, а од друга страна им се помага на македонските компании, се зголемуваат безготовинските плаќања и се намалува сивата економија.
Граѓаните со ниски примања добиваат платежна картичка од 100 евра за субвенционирање на годишен одмор, како и платежна картичка од 50 евра за пазарување. Со ова се помага на граѓаните со пониски примања но и директно се поддржуваат домашните туристички и угостителски објекти.
Платежни картички добиваат и средношколците и студентите кои ќе добијат 100 евра за плаќање партиципација или сместување како и платежна картичка вредна 50 евра за домашни производи и услуги.
Преку новите мерки ја претвораме оваа криза во нова можност - за структурни, системски промени и раст, за модернизирање на македонската економија и зголемување на конкурентноста.
СДСМ покажа дека од економија во минус каква што не дочека пред 3 години, можеме да изградиме економија во развој, покажавме дека можеме да се избориме со досега невидена здравствена криза, ќе покажеме дека можеме да се справиме и со негативните економски последици.
Остануваме посветени на помош и поддршка на нашите граѓани, на помош и поддршка на нашата економија.
Ново на Сител
-

ОЈО ГОКК побара притвор за Јованов во истрага за поткуп за лиценца - Судот ќе одлучува утре
-

Медицински факултет: Избраните кандидати беа далеку подобро рангирани од д-р Василевски - не беше доведен во понеповолна положба
-

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов, Кривичен суд ќе одлучува утре
-

Осуденичка од САД преживеала егзекуција - не ја усмртиле ниту две дози смртоносна инјекција
-

Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување на бројот на предвидените нови вработувања во јавните претпријатија и установи
-

Од денеска до 5 октомври пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
