СДСМ: Апасиев и Крмов работат како продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ
Димитар Апасиев девет месеци од извршување на функцијата пратеник во Собранието нема поднесено ниту еден амандман ниту пак закон во интерес на работниците и работничките права, во интерес на граѓаните, што е директен доказ дека лидерот на Левица е лажен борец за социјална правда.
Апасиев и Крмов работат како продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ, со истата деструктивна матрица како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, со блокади и опструкции на важни закони за граѓаните и државата.
Кога ВМРО-ДПМНЕ ги блокираше законите за петтиот и шестиот пакет мерки помош за граѓаните, лажниот левичар Апасиев го немаше никаде, го нема никаде кога се блокира Клинички центар, најкапиталната инвестиција во македонското јавно здравство.
Додека добиваат државни, народни пари Апасиев и Левица во Собранието работат на директна штета на оние кои ги плаќаат, на директна штета на граѓаните.
Левица предводена од лажниот борец за социјална правда Димитар Апасиев само за блокади, лажни вести и гол популизам.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено