СДСМ бара да запре изградбата на панорамското тркало
СДСМ денеска побара да запре изградбата на панорамското тркало и средствата за него да се пренаменат за гасификацијата или за изградба на подземна сообраќајница.
Координаторот на Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје и потпретседател на СДСМ, Дамјан Манчевски изјави дека најголем дел од финансиските средства за панорамското тркало се обезбедуваат од централниот Буџет во кој со ребалансот се кратат средства од здравството, земјоделството и железничката инфраструктура.
- Прашањето за панорамското тркало е нужно поврзано со прашањето за централниот буџет. Централниот буџет, буџетот на Владата, во моментот е актуелна тема во Собранието и од тој ребаланс денеска разбираме дека средствата финансиски наменети за буџетот за Министерството за здравство се намалуваат за 9,4 милиони евра. За Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и рурален развој се намалуваат за 15 милиони евра. Се намалуваат и трошоците за железничката инфрасруктура за над 21 милиони евра и многу други примери, рече Манчевски.
Тој додаде дека на денешната седница на Советот на Град Скопје ќе побараат одговори од надлежните институции до каде се градежните работи за панорамското тркало, колку досега чини неговата изградба и од каде се обезбедени финансиските средства.
Ново на Сител
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со јужен ветер
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи