СДСМ: Блокадата на Законот за Клинички центар е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните
![]()
По средбата на претседателот Зоран Заев со Христијан Мицкоски пред еден месец беше договорено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да се откажат од блокади на важни закони за граѓаните, вклучително со Законот со кој македонското здравство по 80 години ќе добие нов, модерен Клинички центар.
Еден месец подоцна, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се уште не се откажуваат од блокадите.
Блокадата на најкапиталниот проект во македонското здравство е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ работи директно на штета на граѓаните и државата. Друга причина за вакво деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ насочено кон јавното здравство не постои.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги лажеше граѓаните дека ќе изградат нов Клинички центар, а од него останаа само лимени тараби во комплексот клиники. Компанијата со која ВМРО-ДПМНЕ потпиша договор за изградба на нов Клинички отиде во стечај по само неколку месеци.
Оваа Влада ќе изгради современ Клинички центар како што заслужуваат нашите граѓани и нашето здравство. Во изградбата на истиот ќе бидат инволвирани најреномирани европски компании „Вамед“ и „Буиг констракшн“. ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја манипулира јавноста, да измислува провизии и непостоечки случаи.
Законот за изградба предвидува независен финансиски ревизор односно со тој закон да се дозволи компаниите „Вамед“ и „Буиг констракшн“ да дадат една понуда за изградба на Клинички.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ добро знаат дека имаат отворена понуда опозицијата да го води проектот, но немаат доблест да гласаат за законот, бидејќи спасот на Мицкоски им е поважен од здравјето на граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во континуитет се поразувани, затоа што не можат да се издигнат над личните и партиските интереси.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно стојат на спротивната страна од интересите на граѓаните, затоа ги чекаат нови порази и во Собранието и на изборите.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
-

Брисел бара посилна борба против корупцијата
-

Бизнисменот Зоран Азманов нападнат во судница во граѓанскиот суд
-

За 4.000 евра заем, барале 2.500 евра камата - детали за вчерашната акција во Куманово
-

Директорот на средното уметничко тврди дека ученикот испрскал пепер спреј, а не солзавец
-

Во Македонија нема адреналински пенкала кои спасуваат животи од тешки алергиски реакции
-

Прв „Нефро-Самит“ во Скопје во организација на Клиниката за нефрологија
-

Се поизвесно покачување на водата во Прилеп за 29,3% - Водовод должи 40 милиони денари
