Македонија
5. July 2023 - 9:02

СДСМ: Феникс го потврди криминалното лице на ДПМНЕ

Случајот Феникс, уште еднаш го потврди вистинско, криминално лице на ДПМНЕ.

15 лица, меѓу кои и поранешни највисоки функционери на ДПМНЕ се осомничени дека злоупотребиле 57 милиони евра пари на граѓаните за 11 споменици од Скопје 2014.

Скопје 2014 е ултра криминал на ДПМНЕ каде преку различни шеми врз грбот на граѓаните се перени пари кои завршувале во џебовите на неколкумина од Белата палата.

Дури и седиштето на ДПМНЕ е криминално стекнат имот, врз грбот на граѓаните.

Бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на ДПМНЕ, меѓу кои и за злосторничко здружение.

Сето ова се факти кои не говорат добро за ДПМНЕ, напротив.

И наместо Мицкоски да побара целосно расчистување на сите случаи и одговорност на секој што го прекршил законот тој го брани криминалот на ДПМНЕ.

Тоа покажува дека ништо не се променило во ДПМНЕ, тоа е истата режимска, криминална партија.

Центар за комуникации на СДСМ