СДСМ: Фискалниот стимул на досегашните антикризни мерки е 704 милиони евра
Владата предводена од СДСМ во услови на здравствена и финансиска криза предизвикана од светската пандемија, создаде економски пакети коишто се состојат од низа мерки со цел полесно справување со последиците од коронакризата врз стопанството, населението, работниците, младите и многу граѓани од други категории.
Со досегашните мерки, стотици илјади луѓе ги задржале работните места, а поддршка добиле илјадници компании.
Владиниот одговор на фискалната политика на пандемијата беше експресен и далекосежен за претпријатијата и вработените во најпогодените дејности како и за најранливите категории на граѓани.
Владините економски мерки директно придонесоа за ублажување на негативните последици врз доходот и потрошувачката на домаќинствата, како и активноста на деловните субјекти.
Фискалниот стимул на досегашните мерки изнесува 704 милиони евра, односно 6,5% од БДП.
Оттука, се проценува дека преку овој фискален импулс падот на економската активност е ублажен, односно без овие мерки падот на економската активност би бил повисок за 3,9 процентни поени во 2020, односно би изнесувал -8,4% , наспроти реализираниот пад од 4,5%.
Четирите сета економски мерки дадоа значителен придонес и за ублажување на последиците во однос на стапката на невработеноста.
Целта е постигната, досегашните антикризни економски мерки ги дадоа предвидените резултати.
Во првото тромесечје на минатата година стапката на невработеност порасна од 16,2% на 16,7%, додека во третото и четвртото тромесечје се забележува етапно намалување на 16,5% и 16,1%, со што просечната стапка на невработеност во 2020 изнесува 16,4%.
Раст од 7,8% се забележува во однос на просечната месечна-нето плата во 2020, како директен резултат на корисните економски мерки спроведени од владата на СДСМ пред пандемијата.
Преку петтиот пакет мерки продолжува поддршката за најпогодените од пандемијата, односно финансирање на малите и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, а истите ќе се реализираат и со договор помеѓу Европската инвестициона банка и македонската Развојна банка, со што сто милиони евра ќе се инјектираат во нови проекти, нови вработувања, зголемената ликвидност на стопанството и зголемен извоз.
СДСМ и натаму останува посветена на креирање и имплементација на мерки и политики што ги амортизираат штетните последици од коронакризата.
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина