Македонија
29. February 2024 - 12:34

СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за претседател

Извршниот одбор на СДСМ на вчерашниот состанок го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата и го предложи на Централниот одбор на партијата.

Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата.

Во досегашниот мандат Пендаровски го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата и покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани.

Пендаровски е претставник на сите наши граѓани без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност.

Тоа е профилот на кандидатот кој и е потребен на државата и тоа е профилот на идниот претседател на државата, посочуваат од партијата

Неговата кандидатура се очекува да биде потврдена на конгресот кој СДСМ ќе го одржи на 3 март во недела.