СДСМ и ДУИ прво ќе ја пишуваат програмата, па ќе ги одредуваат кадрите на Владата?

Преговарачките тимови на СДСМ и ДУИ, по вчерашната средба на лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети на која бил направен напредок во владините преговори, и денеска продолжуваат со разговори, брифираат од СДСМ.
Од таму без да откријат детали што всушност договориле со Ахмети: премиерско место, поделба на ресорси или институции или пак, кадровски решенија велат дека принципите на кои ќе се темели идната Влада се потврдени.
„Се подготвуваме за следните чекори како што е изработката на детална програма за работа и дефинирање предлози за соодветни, подготвени, чесни и способни кадри. Веруваме дека ваквиот пристап ќе доведе до конечен договор и до Влада со полн четиригодишен мандат која ќе биде изгласана во Собранието, ќе им служи на сите граѓани подеднакво и ќе го продолжи партнерството со нашите евроатлантски сојузници“, велат од СДСМ.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
