СДСМ: Инсталиравме 450 мегавати, создаваме чиста енергија од нашето македонско сонце
Енергетските политики на СДСМ даваат резултати, енергетската транзиција е реалност, создаваме чиста енергија од македонското сонце.
За 20 месеци инсталирани се 450 мегавати од обновливи избори на енергија, што е капацитет доволен да ги обезбеди потребите на над 135.000 домаќинства.
За споредба ДПМНЕ до 2016 година имаше инсталирано само 18 мегавати обновливи извори на енергија.
До крајот на годината ќе бидат инсталирани и ставени во мрежа околу 600 мегавати од обновливи извори на енергија, што е повеќе од капацитетот на цел РЕК Битола.
Новите проекти, како последната инвестиција во фотоволтаичната централа кај Новаци, од 55 мегавати, го зголемуваат домашното производство на енергија, со што се намалува увозот, се зголемува енергетска независност на државата.
Следува изградба на најголемиот агриволтаичен парк „Стипион“ од француска компанија со капацитет од 400 MW, најголемиот ветерен парк Вирови, од исто така 400 MW од германска компанија како и нова когенеративна електрана на природен гас.
Овие проекти заедно со огромниот број на фотонапонски централи кои секојдневно се градат, овозможуваат енергетски премин на среден и долг рок.
Порастот на производство на електрична енергија од обновливи извори, ја заштитува животната средина и ги намалува сметките за струја на грѓаните.
Целта на стратешкиот пристап, посветеност и работа на СДСМ е земјата да биде лидер во зелената трансформација.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Kaрдиолошкиот центар со нова метода за третман на периферна артериска болест
-

Андоновски: Се подготвуваме за електронски попис
-

Велигденски базар во домот за стари лица „Мајка Тереза“
-

Ристески: Ќе се субвенционираат и оние предадени килограми тутун кои ја надминуваат количината од договорот
-

Католичките верници ги почнуваат Велигденските празнувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
