СДСМ: Иванов е должен да го даде мандатот за формирање влада

СДСМ преку пишано соопштение порачува дека претседателот Ѓорге Иванов е должен да постапи според Уставот и да го даде мандатот за формирање влада.
- Ѓорге Иванов мора да престане со неразумното однесување и да почне да ги почитува уставните задолженија. Многу скоро Иванов ќе добие официјално известување од новиот собраниски претседател, преку кое ќе биде информиран дека има демократски формирано легитимно парламентарно мнозинство. Од тој момент, Иванов мора да постапи согласно Уставот и волјата на граѓаните и да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да ја формира новата влада, се вели во соопштението од СДСМ.
Се нагласува дека јавно објавената програма на новата реформска влада ја гарантира целовитоста и унитарноста на Македонија, со што се исцрпуваат сите оправдувања за недоделување на мандатот.
- Македонија ќе добие нова реформска влада за која гласаше мнозинството граѓани. Иванов ќе мора да го прекине самоволието со кое наштетува на државните и националните интереси. Секое дело спротивно на државните интереси е противуставно и казниво, се потенцира во соопштението од СДСМ.
Ново на Сител
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
