СДСМ: Иванов ги погази илинденските вредности

Иванов ги погази илинденските вредности и докажа дека не е достоен на функцијата што ја извршува
Ѓорге Иванов денеска уште еднаш потврди дека е ист како неговиот ментор Никола Груевски и дека продолжува да сее омраза и поделби меѓу граѓаните.
На денот кога граѓаните на Македонија го слават славното минато на заедништво, меѓусебно разбирање почитување и борбата за слобода и демократија, Иванов во своето обраќање поттикнуваше меѓуетничка омраза.
Со тоа Иванов брутално ги погази вредностите што со себе ги носи овој голем ден, а се втемелени во Крушевскиот манифест и манифестот од АСНОМ.
Денеска уште еднаш се потврди дека Иванов, човекот што амнестираше криминалци, не е достоен да ја извршува функцијата на којашто е.
Иванов продолжува да работи против интеграцијата во ЕУ и НАТО и дејствува спротивно на националните и државни интереси.
Никакво антидржавно однесување на Иванов нема да ја загрози македонската иднина. Граѓаните масовно ќе излезат на референдум, ќе го поддржат Договорот со Грција, ќе ја поддржат македонската иднина во ЕУ и НАТО.
Македонија и нејзините граѓани одат кон иднината, Иванов останува изолиран во своите антидржавни политики.
Ново на Сител
-

Запленети пури во вредност од четири илјади евра
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
-

Завршува учебната, основците и средношколците одат на летен распуст
-

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците
-

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата
-

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива
-

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони
-

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд
