-->
-->
СДСМ: Кадрите на Мицкоски се најслаби градоначаници досега, за само 6 месеци се покажа неспособноста на Арсовска
-->
За само шест месеци се покажа целосната неспособност на Данела Арсовска како градоначалник на Град Скопје.Заради таквата неспособност градската администрација вчера остана без печатачи со што се отежнуваат условите за работа на вработените, а граѓаните можат да останат без потребните документи.
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ немаат капацитет да менаџираат ниту со канцелариска опрема во Град Скопје, а не пак да реализираат капитален проект за градот и граѓаните.
Првите шест месеци од мандатот Арсовска ги помина во неработење и партизација на адмиинистрацијата.
Нејзиниот пример го следат речиси сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.
Кадрите на Христијан Мицкоски се докажано најслаби градоначалници досега. За шест месеци не реализираа ниту еден проект за граѓаните туку работат исклучиво за лични и партиски интереси.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се пример дека во оваа партија предводена од Мицкоски нема никаква промена.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
